The Smiths се формира во почетокот на 1982 година од страна на Стивен Патрик Морисеј ,текстописец којшто е голем обожавател на групата New York Dolls и кој за кратко застанува на чело на панк рок групата the Nosebleeds , и Џони Маер , гитарист и текстописец. Маер го менува неговото име во Џони Мар (Johnny Marr) за да избегне забуна со името Џон Маер ,тапанарот на групата Buzzcocks, додека пак Морисеј настапува под неговото презиме. По снимање на неколку демо снимки со тапанарот Симон Волстенкрофт (подоцна член во The Fall), есента 1982 година, Морисеј и Мар го примаат тапанарот Мајк Џојс . Џојс претходно членувал во панк групите The Hoax и Victim . Тие го додаваат и бас гитаристот Дејл Хиберт , кој ја снабдува групата со опрема за снимање во студиото каде што тој работи како продуцент. Хиберт по една свирка е заменет со пријателот на Мар, Енди Рурк, бидејќи Мар сфатил дека ниту свирењето на Хиберт ниту неговата личност се вклопува во групата. Групата го избира нивното име во еден дел како реакција против оние избрани од страна на синтпоп групите од раните 1980-ти години ,како Orchestral Manoeuvres in the Dark и Spandau Baller, за коишто тие сметаат дека се вообразени. Во едно интервју на Морисеј во 1984 година тој изјавува дека го избрал името The Smiths ‘бидејќи е наједноставно име’ и бидејќи тој смета дека ‘ е време обичните луѓе во светот да ги покажат своите лица ’.Потпишувајќи со издавачката куќа Rough Trade Records, тие ја објавуваат нивната прва песна ‘Hand in Glove’ во мај 1983 година. Песната е претставена во емисијата на DJ John Peel, како и сите други песни подоцна, но не успева да се најде на топ листите. Следните песни ‘This Charming Man’и ‘What difference Does It Make?’ поминуваат подобро кога заслужено се искачуваат на 25 –то и 12-то место на UK Single Chart.
The Smiths се формира во почетокот на 1982 година од страна на Стивен
Written by
in