На 1 мај, во интервју за Pitchfork , Лав разговарала за можноста за повторно обединување, а исто така изјавила дека било „грешка“ објавувањето на Nobody’s Daughter како албум нa Hole во 2010 година. „Ерик беше во право – некако го поткусурив името, иако законски ми е дозволено да го користам.…
Read More
На 2 април 2014 година, Ролинг Стоун објавил дека поставата од групата која ја снимила песната Celebrity Skin повторно се обединила (со Пети Шемел наместо Саманта Малони). Ролинг Стоун погрешно објавил дека следниот соло-сингл на Кортни Лав, „Wedding Day“ е резултат на оваа повторна средба.
На 28 декември 2013 година, Лав објавила две фотографии со Ерландсон на Фејсбук и Твитер , со натпис: „И ова штотуку се случи … 2014 ќе биде многу интересна година.“ Лав, исто така, ја означила Мелиса Ауф дер Маур, како и поранешниот менаџер на Hole, Питер Менш, во објавата, алудирајќи…
Read More
Во април 2012 година, Лав, Ерландсон, Ауф дер Маур и Шемел настапиле во Public Assembly во Њујорк каде отпеале две песни. Ова било прв пат четворицата членови да настапуваат заедно од 1998 година по заминувањето на Шемел и распаѓањето на групата во 2002 година.
Во септември 2011 година, Скот Липс се приклучил на групата, како замена за тапанарот Стју Фишер.
Албумот Nobody’s Daughter бил издаден на 26 април 2010 година, од дискографската куќа Mercury Records, и бил умерено добро примен од музичките критичари. Ролинг Стоун на албумот му дал три од пет ѕвезди. Гласот на Лав, кој станал осетно побрз, бил споредуван со гласот на Боб Дилан . NME на…
Read More
На 17 јуни 2009 година, седум години по распуштањето на Hole, NME објавил дека Лав повторно ја основа групата со гитаристот Мајко Ларкин за да снимат нов албум, на кој Мелиса Ауф дер Маур ќе пее како придружен вокал. Неколку дена подоцна, Мелиса Ауф дер Маур во едно интервју изјавила…
Read More
Лав започнала соло кариера и во 2004 година го објавнејзиниот прв албум, America’s Sweetheart .
Мелиса Ауф дер Маур, исто така, започнала соло кариера и го издала истоимениот деби албум во 2004 година.
Во мај 2002 година Лав и Ерландсон официјално ја распуштиле Hole преку порака објавена на веб-страницата на групата.