На 9 јули 2002 година, групата го издала четвртиот студиски албум

На 9 јули 2002 година, групата го издала четвртиот студиски албум, Hard Candy . Албумот содржел преработка на песната од Џони Мичел „Big Yellow Taxi“. Ванеса Карлтон придонела со придружни вокали за песната, која се појавила на саундтракот од Две недели за заљубување . Иако Hard Candy не постигнал ист успех како претходните албуми, групата успеала да ја задржи својата база на обожаватели и да добива позитивни критики. Во 2003 година, Counting Crows го издале Films About Ghosts , компилација од нивните најголеми хитови, која била одлично прифатена.